• петок, 22 ноември 2024

Од верските календари

Од верските календари
24 јануари 2022 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 11 јануари. Денеска е Преподобен Теодосиј Велики. Свети Теодосиј е кападокиец. Роден е во 424 година, проживеал 105 години и се претставил пред Бога во 529 година. Во младоста го засакал монаштвото и отишол во Палестина, каде се запознал со подвижничкиот живот. Се повлекол во една пештера близу Витлеем и во неа се подвизувал 30 години. Така, тој ја достигна блажената состојба на душата, го облагодати телото и се исполни со непрестана радост, а Бог го надари со дар на чудотворство и прозорливост. Потоа основа манастир близу Ерусалим. Инаку, свети Теодосиј Велики се смета за основач на општожителната форма на монашкиот подвиг. ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР Денеска е Св.Фрањо Салешки. Бил роден во 1567 година во Савоја. Кога одлучил да стане свештеник неговиот татко се противел, но потоа ја уважил одлуката. Како свештеник, Фрањо работел во покраината Каблаис, јужно од Женевското езеро, која им припаѓала на калвините. Калвините се одвоиле од Католичката црква во 16 век. Свети Фрањо успеал 70.000 луѓе да ги натера, да се вратат во Католичката црква. Имал генијални грижливи способности. Поради големите заслуги, станал Женевски бискуп. Бил надарен за пишување. Умрел во 1622 година, во 55 година од животот. ###

Остани поврзан