• недела, 22 декември 2024

Од верските календари

Од верските календари
13 ноември 2020 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 31 октомври. Денеска е Св. апостоли Стахиј, Амплиј, Урбан, Наркис, Апелиј и Аристовул. Покрај 12-те врховни апостоли, Христос испрати уште 70 други да го објавуваат спасението на сите нешта. Меѓу нив беа и овие, кои Црквата ги слави денес. Стахиј, Амплиј и Урбан му беа соработници на свети Андреј Првоповиканиот, брат на апостол Петар. Тројцата беа подоцна епископи. Урбан беше еископ во Македонија. Тој и Амплиј пострадаа маченички. Свети Наркис беше епископ во Атина, Апелиј во Хераклеа Тракиска. Аристовул му беше брат на апостол Варнава и го прооведаше воскреснатиот Христос во Британија. Таму и го заврши привремениот живот и се пресели во небесните населби на Бога Отецот и неговиот единствен син Христос. ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР Денеска е Св. Станислав Костка. Роден е во 1550 година, во полскиот град Ростков, во богато и политички влијателно семејство. На 14 години, со постариот брат заминал во Виена на школување. Станислав учел и одел во црква на молитви. Сакал да се приклучи во језуитскиот манастир, но татко му преку дипломатијата му забранил. Упавникот на манастирот во Виена му дал препорака да го примат во манастир во Рим. Како приправник бил побожен и послушен. По една година се разболел, но болеста мирно ја поднесувал. По смртта бил прогласен за Светец. За помош му се молат оние кои се подготвуваат за калуѓерски и свештенички живот и работа. ###

Остани поврзан