• недела, 24 ноември 2024

Од верските календари

Од верските календари
27 април 2022 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 14 април. Денеска е Св. Мартин Исповедник. Свети Мартин живеел во седмиот во седмиот век, во Рим. Неговиот живот, исто како и животот на свети Максим Исповедник го одбележа борбата против еретиците монотелити. Императорот Констанс, кој ги поддржуваше еретиците со симна Мартин од катедрата и го доведе на суд во Цариград. Оттаму беше испратен на заточение во Херсон (денешен Крим) каде по две години се упокои, до крајот останувајќи верен на вистинското исповедување, подоцна потврдено на вселенски собор. ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР Денеска е Благословена Озана Которска. Била родена во 1493 година, во Црна Гора. Во Котор, додека ја слушала проповедта за маките на Исус на крстот, одлучила за љубовта кон Исус животот да го помине во ќелија. Во ќелијата, Озана Которска живеела 52 години и умрела во 1565 година. ОД ИСЛАМСКИОТ КАЛЕНДАР Времето за ифтар и суфур Во Скопје, времето за ифтар (кога завршува постот), денеска е во 19:34 часот, додека времето за суфур (кога почнува постот) е во 3 часот и 44 минути. Времето за ифтарот и суфурот во Прилеп и Куманово почнува една минута порано, во Велес две минути порано, Штип три минути, во Кочани четири минути, во Струмица и Валандово пет минути, а во Делчево шест минути порано. За разлика од времето за ифтарот и суфурот во Скопје, во Ресен и Битола ифтарот и суфурот почнуваат една минута подоцна, во Тетово, Гостивар и Кичево две минути, а во Охрид, Дебар и Струга пет минути подоцна. ###

Остани поврзан