Одбојкарите на Струмица елиминирани во ЦЕВ Купот
- Македонскиот одбојкарски првак Струмица го заврши настапот на европската сцена, откако вечерва на реваншот на гостински терен во 1 коло на ЦЕВ Купот загуби од унгарски Фино Капошвар со максимални 3-0 (25-19, 28-26, 26-24) по што следуваше „Златен сет“ во кој домашните одбојкари беа поуспешни со 15-11.
Капошвар, 16 октомври 2024 (МИА) – Македонскиот одбојкарски првак Струмица го заврши настапот на европската сцена, откако вечерва на реваншот на гостински терен во 1 коло на ЦЕВ Купот загуби од унгарски Фино Капошвар со максимални 3-0 (25-19, 28-26, 26-24) по што следуваше „Златен сет“ во кој домашните одбојкари беа поуспешни со 15-11.
Струмица допатува на возвратниот дуел во Капошвар со предност од 3-0 од дуелот на домашен терен и за пласман во второто коло им беше неопходно да освојат сет.
Сепак, во тоа не успеаја, иако во вториот сет влегоа во завршницата од 20-17, а во третиот испуштија и водство од 21-17.
Најефикасен во македонските редови беше репрезентативниот капитен Никола Ѓоргиев со 26 поени. ег
ФОТО: Фејсбук