• петок, 22 ноември 2024

Одбележан Меѓународниот ден на Бошњаците - 28 Септември

Одбележан Меѓународниот ден на Бошњаците - 28 Септември

Скопје, 26 септември 2023 (МИА) - Меѓународниот ден на Бошњаците - 28 Септември денеска беше одбележан во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците со работилница на која учествуваа основци од бошњачката заедница во Република Северна Македонија.

На работилницата присуствуваа  заменик-министерот во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците Џабир Доко, директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците Еран Куртиш и Адмир Ујкановиќ, директор на Управата за афирмација и унапредување на културата на припадниците на заедниците во Република Северна Македонија. 

Доко, како што информира Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, истакна дека иднината им припаѓа на младите луѓе, кои, како што рече, ќе го обликуваат нашето општество во наредните години кон подобро и попрогресивно. 

-Ова Министерство е дом на сите заедници во нашата земја. Убеден сум дека денес преку вашите таленти и вештини ќе научиме нови работи за богатата босанска традиција и култура, која во суштина е заедничко богатство на нашата земја, а оваа уметничка работилница ќе се претвори во пријатно искуство кое ќе предизвика прекрасно спомени за вас во иднина. Честит 28 Септември - Меѓународен ден на Бошњаците, рече заменик-министерот Доко.

Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, како што се наведува, ќе продолжи да гради мостови на соработка меѓу сите припадници на етничките заедници низ државата, негувајќи ја нивната културна различност и традиции кои се вткаени во концептот на еднакво општество за сите. мд/ац/

Фото: Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците
 

Остани поврзан