• вторник, 24 декември 2024

Одбележан Денот на пожарникарите во Гевгелија и Валандово

Одбележан Денот на пожарникарите во Гевгелија и Валандово
Гевгелија, 20 мај 2022 (МИА) - Градоначалниците на Гевгелија и Валандово, Андон Сарамандов и Перо Костадинов денеска беа во посета на пожарникарите од своите градови на кои им изразија честитки по повод празникот и благодарност за заштитата на материјалните добра со предавање на противпожарна заштитна опрема. Градоначалникот Сарамандов истакна дека фактот што во општина Гевгелија имаше многу пожари и еден голем во близина на граничниот премин Богородица со кои пожарникарите одлично се справија, е најдобра потврда за нивниот професионален однос. - Се надевам дека годинава нема да имаат полни раце работа. Денеска по повод празникот им предадовме противпожарна опрема во вредност од преку 1,3 милиони денари преку Југоисточниот плански регион која е обезбедена од прекуграничната соработка на РСМ и Бугарија, рече Сарамандов. На валандовскиот градоначалник Перо Костадинов, при посетата на пожарникарите и примопредавањето на опремата, друштво му правеа ученици од трето и четврто одделение од ООУ „Јосип Броз Тито“ кои им се заблагодарија на пожарникарите што им ја гарантираат сигурноста и ги штитат од пожари. - Општина Валандово константно ги подобрува состојбите во противпожарната единица,ја зајакнува техничката опременост и до сега повеќекратно го унапреди статусот на нејзините припадници,истакна Костадинов и ги охрабри пожарникарите да продолжат да бидат пример за останатите. им/аа/

Остани поврзан