• четврток, 25 декември 2025

Одбележани 123 години од смртта на Миле Поп Јорданов

Одбележани 123 години од смртта на Миле Поп Јорданов

Велес,22 декември 2025 (МИА) – Во Велес денеска беа одбележани 123 години од смртта на Миле Поп Јорданов, македонски револуционер и просветен деец, учесник во македонското револуционерно движење, член, секретар и војвода на ТМОРО, кој во цутот на младоста на само 23 години загина во борба на денешен ден 22 декември 1902 година.

Во негова чест е испеана познатата народна песна „ Болен ми лежи Миле Поп Јрданов“„ која, според Коста Црнушев  е создадена брзо по смртта на Миле, а според други, таа била испеана уште на погребот. На 26 април 2006 година Советот на Општина Велес  ја прогласил песната како официјална химна на Велес.

Иако во песната се пее „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“, тој загинал во борба. Зборовите од песната, се овековечени на надгробната плоча на Миле Поп Јорданов.

Делегација на Општина Велес предвидена од градоначалникот Марко Колев денеска положија букети цвеќе на неговиот гроб во црквата „Свети Пантелејмон“ во Велес.

На својот профил на социјалните мрежи  градоначалникот Марко Колев, напиша дека  „денес го паметиме Миле Поп Јорданов, почитувајќи го неговото големо име и пеејќи ја песната посветена на него како химна на Велес. Притоа се сеќаваме на велешкиот борец за слобода кој на денешен ден пред 123 години го даде својот живот за намачениот и поробен македонски народ“.

Миле Поп Јорданов бил роден во 1879 година во Велес и бил син на богат велешки трговец и чорбаџија Ѓошо Поп Јоданов и на Султана, како нивно најстаро дете. Тој  имал четири сестри и брат - ознатиот Гемиџија, Јордан Поп Јорданов – Орцето.ад/

Фото: Општина Велес

Остани поврзан