• понеделник, 18 ноември 2024

Одбележани 12 години на Дневниот центар во Крушево

Одбележани 12 години на Дневниот центар во Крушево
Крушево, 24 јануари 2020 (МИА) - Со пригодни манифестации, донации, Дневниот центар за деца и младинци со посебни потреби од Крушево го одбележа 12-тиот роденден. На одбележувањето присуствуваа претставници од крушевската локална самоуправа, од советот на општината, од Лајонс клубот од Крушево и од организацијата на Црвениот Крст. Во центарот дневно се згрижуваат 15 деца и младинци со посебни потреби од 7 до 26-годишна возраст. Според Хрисула Кузманоска има напредок во работата со децата, а секогаш се добредојдени донации. -Во Дневниот центар секојдневно со децата работи стручен тим од дефектолог, педагог, медицинска сестра и социјален работник. Има напредок во социјализирањето на децата и младинците со посебни потреби. Сепак, секогаш се неопходни поддршката од заедницата и донаторските акции, вели Кузманоска. Инаку, во Крушево во 25 згрижувачки семејства се згрижени 37 деца со посебни потреби и здрави кои немале родителска грижа.ем/ир

Остани поврзан