• понеделник, 16 септември 2024

Одбележана Европската недела на спортот меѓу велешките ученици

Одбележана Европската недела на спортот меѓу велешките ученици
Велес,13 септември 2022 (МИА) - Општина Велес во соработка со Агенцијата за млади и спорт, оваа година за прв пат ја одбележа Европската недела на спортот. На просторот во Градскиот парк во Велес, на терените на Ракометно игралиште, на велосипедската патека (Pump Track), на просторот на фитнес зоната и на теренот на тениското игралиште  истовремено се одржаа неколку спортски активности во повеќе спортови. Настанот го организираше тим на ученици од Основните општински училишта „Васил Главинов” и „Блаже Конески” со одговорни наставници, а во координација на службеникот за млади од Општина Велес. Поддршка на спортскиот настан  дадоа и членовите на Тенискиот клуб „Борец Велес” од Велес. Од Општина Велес истакнуваат дека најважно  е  да се  вложува во децата младите и спортот затоа што само онаа млада генерација која спортува и здрава и има здрава иднина. -Затоа ние како Општина Велес правиме напори за подршка на младите и нивно вклучување во спортот и ги подржуваме  постоечките и иницираме нови спортски настани и манифестации, а кои се интересни за децата и младите, истакнуваат од Општина Велес. ад/дма/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан