• петок, 05 декември 2025

Одбележана Детската недела во општина Илинден

Одбележана Детската недела во општина Илинден

10 октомври 2025

Под мотото „Правата на детето - безбеден чекор кон среќно детство!“, најмладите ученици од основните училишта во општина Илинден ја прославија „Детската недела“ и станаа дел од Детската организација. На овој посебен ден, првачињата дадоа свечена заклетва, а нивните постари соученици им приредија културно-уметничка програма исполнета со пеење, глума, игра и заедничко другарување, се наведува во соопштението од Општина Илинден, што МИА го пренесува интегрално.

Свеченоста ја збогати со своето присуство и градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски. Притоа, децата се запознаа со целите и значењето на Детската организација, како и со своите права и обврски во рамки на училиштето.

Во текот на „Детската недела“, која се одржува од 6 до 12 октомври, низ основните училишта во општината се реализираат бројни креативни работилници со активно учество на учениците. Исто така, дел од децата ги посетија јавните институции, при што беа гости кај градоначалникот Георгиевски и администрацијата на Општина Илинден.

 

Општина Илинден

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан