• понеделник, 20 мај 2024

Одбележана годишнината од загинувањето на бранителите Атанас Јанев и Кољо Китанов

Одбележана годишнината од загинувањето на бранителите Атанас Јанев и Кољо Китанов

Струмица, 23 јуни 2023 (МИА) - Пред споменикот на загинатите бранители од конфликтот во 2001 година во Струмица беше одбележана 22 годишнината од загинувањето на Атанас Јанев и Кољо Китанов.

За бранителите Китанов и Јанев говореше членот на Советот на Општина Струмица, Танкица Трендова.

- Во нивна чест, пред 16 години, Општина Струмица го подигна овој споменик како сведоштво за нашиот незаборав. Споменикот во форма на жена- пеперутка, како симбол на повторното раѓање и новиот живот, нека биде фениксот кој се издигнува од пепелта и продолжува да живее, како што живее споменот на нашите двајца бранители, носители на Медалот за храброст, рече Трендова.

Пред споменикот на загинатите бранители цвеќе положија членови на семејствата, членови на Советот на Општина Струмица, претставници на СВР Струмица и претставници на политички партии, а беше изведен и пригоден рецитал. рт/дма/

Фото: Општина Струмица

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан