• понеделник, 04 ноември 2024

Ограничен извозот на јајцата , 70 проценти од производството за домашниот пазар

Ограничен извозот на јајцата , 70 проценти од  производството за домашниот пазар

Скопје, 21 март 2023 (МИА) -  Со цел да се спречи евентуален дисбаланс на домашниот пазар и недостаток на јајца од кокошка најмалку 70 проценти од домашното производство на јајца ќе се пласира на домашниот пазар, одлучи денеска Владата. 

Таа ги обврза трговците на мало да продолжат да ја набавуваат вообичаената количина на јајца што ја набавувале во јануари и февруари годинава и ја замрзна нивната цена на нивото од 15-ти месецов. Владината одлука со која денеска се замрзна и  цената на оризот, ќе важи до 30-ти следниот месец. 

Како што соопшти министерот за економија Крешник Бектеши, просечната цена на јајцата на 15 март изнесувала околу 8,5 денари, а најскапото чинело 9,8 денари зависно од пакувањето, амбалажата  и трошоците што ги имале компаниите. 

-Многу е важно да се нагласи дека е зголемена побарувачката за производоството на јајца од државава особено од нашите соседи каде што цените се движат од 14 до 20 центи и нагоре. Тоа значи дека ако се дозволи целосен извоз повеќето заради економски интерес би можеле да го насочат целото произвдоство во соседните држави. Затоа дополнително освен за замрзнувањето на цената е донесена и одлука за ограничувањето на извозот, каде што 70 проценти од целокупниот пласман во јануари и февруари сите наши производидители да ги снабдуваат нашите ланци на маркети, а со тоа да нема недостаток на овој производ и да нема зголемување на цената како притисок однадвор особено од државите во регионот, рече Бектеши.

Сите цени, на табла, на парче, кои биле на 15 март, појасни, не може да бидат повисоки од тие на 15  март. Пониски можат да бидат, но повисоки не можат да бидат од сите производители кои ги имале тие цени во нашата држава и увозните ако во случај имале увоз во тој период.

На денешната седница на Владата е разговарано и за евентуално за замрзнување на цените на овошјето и зеленчукот, а анализите што ги направило Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство треба да се достават до Министерството за економија и до Кабинетот на премиерот. 

-Како што најавивме тоа беше една од дискусиите денеска на седница на Владата на предлог на претседателот на Владата за тие конкретни анализи да се достават до Министерството за економија и до кабинетот на Претседателот на Владата заради тоа што ако треба да се донесе одлука за замрзнување на цената, ограничување и слично, тоа се  носи согласно со Законот за трговија, но инпутот треба да го даде Министерството за земјоделство и согласно нивните анализи ние заедно со Кабинетот на претседателот ќе донесеме соодветни одлуки во делот на овошјето и зеленлукот, рече Бектеши, на новинарско прашање. лв/аа/

 

 

 

 

 

 

Остани поврзан