• петок, 05 декември 2025

Овечкин на чекор до 900-тиот гол во НХЛ лигата

Овечкин на чекор до 900-тиот гол во НХЛ лигата

Вашингтон, 25.октомври 2025 (МИА) – Александар Овечкин постигна еден гол и имаше една асистенција во победата на Вашингтон Капиталс против Колумбус Блу Џакетс. Руската хокеарска ѕвезда со тој гол стигна до бројката од 899 и сега е на само еден гол да биде првиот играч со 900 постигнати голови во најсилната хокеарска екипа.

Овечкин е на прагот од уште еден рекорд. Следниот натпревар на неговиот тим Вашингтон против Отава ќе биде негов 1.500-ти во НХЛ лигата. 40-годишниот хокеар минатата сезона го мина Вејн Гретцки (894 натпревари).

Кога доаѓате во лигата сакате да одиграте што е можно повеќе натпревари, но 1.500 натпревари е навистина голема бројка, изјави Овечкин.

Тој ќе биде осми играч со 1.500 натпревари во еден ист клуб. Мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан