• сабота, 27 јули 2024

Објавен конкурс за изработка на мурал на фасадата на КСП Центар - Јадро

Објавен конкурс за изработка на мурал на фасадата на КСП Центар - Јадро
Скопје, 30 август 2021 (МИА) - Културно-социјалниот простор Центар - Јадро објави конкурс за изработка на мурал на фасадата на Центарот, кој треба да биде реализиран во периодот од септември до октомври  202година. -Со овој отворен конкурс, Јадро ја продолжува иницијативата за изработка на темпорални мурали кои ќе бидат изработувани на фасадата на центарот преку кои ќе се промовира уметноста во јавен простор, а  менувањетото на изгледот на фасадата ќе го истакне и промовира отворениот модел на институцијата како простор во којшто постои плуралност на идеи и изрази, соопшти КСП Центар - Јадро.  Тематски конкурсот е отворен, а идејните решенија за муралот треба да ги отсликуваат основните начела/цели врз којшто се темели КСП Центар - Јадро. На конкурсот право на учество имаат сите уметници кои се  државјани или резиденти во земјава. Уметниците можат да се пријават индивидуално или како групи/колективи. КСП Центар - Јадро обезбедува средства за материјали за изработка на муралот, како и авторски хонорар во износ од 25.000 ден. Планиран период  за  изработка на муралот е во периодот меѓу 1септември до 15 октомври. За изборот ќе одлучува  жири-комисија составена од истакнати професионалци од областа на културата. Авторите треба да приложат скици за муралот, краток опис за концептот како и кратка биографија  во PDF документ со  максимална големина 10 MB на мејл адресата  centar.jadro@gmail.com, најдоцна до 15 септември 2021 со назнака  Конкурс за изработка на мурал  и податоци за авторот/ите (име, презиме, телефонски број). Повеќе информации за конкурсот заинтерисираните автори можат да добијат на е-маил адресата  centar.jadro@gmail.com мд/дма/

Тагови

Остани поврзан