• среда, 03 јули 2024

Објавен бестселерот „Анатомија на скандалот

Објавен бестселерот „Анатомија на скандалот
Скопје, 7 мај 2022 (МИА) - Во издание на „Бата прес“ излезе од печат преводот на романот „Анатомија на скандалот“ од британската авторка Сара Вон. Станува збор за бестселер, хит издание што на македонски се објавува непосредно по започнувањето на истоимената филмска серија на Нетфликс. Романот на македонски ќе биде промовиран денеска и утре, на саемот на книгата во салата „Борис Трајковски“, во Скопје. - Софи Вајтхаус има прекрасен дом, две сјајни деца и привлечен, успешен маж. Со други зборови, има совршен живот. Но, сѐ се менува една ноќ кога нејзиниот сопруг Џејмс доаѓа дома и ѝ признава дека ја изневерил. Одеднаш нејзиниот смирен, уреден свет, се превртува наопаку. Дали навистина го познава човекот за кој се омажи? Признанието на Џејмс е само врвот на ледениот брег. Обвинет е за ужасен злочин. Но, вистината е уште пострашна отколку што некој би можел да замисли... Дали министерот без ресор Џејмс е виновен или е само невина жртва на злобен план? Во оваа напната и возбудлива сторија за љубовта, одмаздата и лагата никој нема чисти мотиви, ама тајните на некои луѓе се многу помрачни и поопасни. Станува збор за фикција во која е вклучен и самиот британски премиер. И прашање е дали е само фикција, затоа што ликовите премногу потсетуваат на одредени случувања во британските високи кругови или како што се наведува во рекламните пораки станува збор за „љубовници, политика, моќ, дрога, лаги,...“, соопшти издавачот. Во срцето на приказната е британскиот министер без ресор обвинет за сексуален напад. Бидејќи ова е многу деликатна тема, како што е сексуалната согласност, оваа мини-драма ги вовлекува гледачите во возбудлив вител од жешки теми и морално преиспитување. - Одлична. Загрижувачки вистинита, интелигентна и возбудлива приказна, пишува Џили Мекмилан, во рецензијата за делото. Сара Вон (Sarah Vaughan) студирала англиски на Оксфорд и по дипломирањето започнала даработи како новинарка. Единаесет години работела во весникот Гардијан. Ја напуштила постојаната работа, станала фриленсер и започнала со пишување белетристика. Со британски и американски издавачи објавила три романи: The Art Of Baking Blind и The Farm at the Edge of the World се објавениво 2016 година. Романот Анатомија на скандалот (Anatomy of a Scandal) е објавен во Велика Британија и САД и преведен е во повеќе од дваесет земји и стана светски бестселер. Сара Вон е најпродавана авторка, а филмуваната серија на „Анатомија на скандалот“ е број еден на Нетфликс.см/вј/ 

Тагови

Остани поврзан