Објавени првите слики од новиот биографски филм за Боб Дилан
- На нив, 28-годишниот глумец со гитарата в рака се обидува да ги долови 60-тите, следејќи го подемот на младиот Дилан по неговото преселување од Минесота во Њујорк.
Лос Анџелес, 19 март 2024 (МИА) - Во тек е снимањето на биографскиот филм за Боб Дилан под наслов „A Complete Unknown“ (Целосно непознат), во режија на Џејмс Манголд. Во улогата на славниот пејач и писател е Тимоти Шаламе.
Филмот, инаку, се снима во Њујорк, САД, а сега се објавени и првите кадри. На нив, 28-годишниот глумец со гитарата в рака се обидува да ги долови 60-тите, следејќи го подемот на младиот Дилан по неговото преселување од Минесота во Њујорк. Во филмот глумат и Ел Фенинг, Моника Барбаро, Ник Оферман, Бојд Холбрук и Едвард Нортон.
- Најдобрите филмови од вистинскиот живот никогаш не се „од лулка до гроб“, туку за многу специфичен миг, изјави Манголд во неодамнешно интервју.
Филмот се сосредоточува на она кога 17-годишен тинејџер со 16 долари во џебот доаѓа во големиот град и го запознава Вуди Гатри, кој починал од нервен слом. Момчето се среќава и спријателува со Пит Сигер, Џоун Баез и сите други луѓе кои се дел од неговиот живот. си/ссм/
Фото: Фејсбук