• понеделник, 23 декември 2024

Објавени добитниците на наградите за особени достигнувања во музејската дејност во 2019 и 2020

Објавени добитниците на наградите за особени достигнувања во музејската дејност во 2019 и 2020
Скопје, 17 мај 2021 (МИА) - Во пресрет на 18 Мај - Меѓународен ден на музеите, денеска Здружението Македонски национален комитет на Меѓународниот совет на музеите (МНК ИКОМ) ги објави добитниците на годишната награда 18 Мај - Меѓународен ден на музеите за особени достигнувања во музејската дејност во текот на 2019 и 2020 година. Одлуката за добитниците ја донесе Комисијата на Здружението Македонски национален комитет на Меѓународниот совет на музеите (МНК ИКОМ) во состав: д-р Ангелина Поповска - претседател и членовите: д-р Кирил Пенушлиски, Гордана Велков, м-р Станимир Неделковски и Никола Мартиновски. За 2019 година, наградата за Музеј на годината му се доделува на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија за проектот „Постојана изложбена поставка“, а награда за Музејски проект на годината на Археолошкиот музеј за Меѓународниот проект „100 години Требениште“. Добитник на наградата за музејски работник на годината е Гоце Божурски од НУ Музеј Куманово, а награда за надворешен музејски соработник добива Лидија Мешковска, уредник на редакција за култура и уметност во МТВ за емисијата „Витраж“. За 2020 година, награда за Музеј на годината добива НУ Национална галерија на Република Северна Македонија за галериска дејност во време на Ковид-19 пандемијата. Се доделува посебно признание за Музеј на годината на НУ Музеј Куманово за Реконструкција на Спомен-куќата на Христијан Тодоровски - Карпош, Куманово. Добитник на наградата за музејски проект на годината е Музејот на Град Скопје за проектот „70 години Музеј на град Скопје“, на авторскиот тим: Емил Алексиев, Фросина Зафировска, Станимир Неделковски, Соња Апостолова. Пофалница за научно-истражувачка музејска дејност е предвидена за музејскиот проект на годината на Музејот на Град Скопје за проектот „Скопје виа Солун“ на авторскиот тим: Славица Христова, Татјана Ѓорѓиевска, Оливера Џартовска Тачевска. Награда за музејски работник на годината ќе добие Славица Крстиќ од НУ Музеј Куманово. Посебни пофалници за промоција на музејската и галериската дејност преку електронски медиуми и социјални мрежи за промоција на музјески/галериски соджини преку електронски медиуми во периодот на пандемијата ќе добијат Ивана Тасев-надворешен соработник во Музејот на современата уметност, Ива Лабан - надворешен соработник од Археолошки музеј на Република Северна Македонија, Гордана Младеновска – надворешен соработник во Музејот на Република Северна Македонија. Поради пандемиската состојба, доделувањето на наградите официјално ќе се одвива утре преку ЗУМ платформата во 11 часот. Како што е најавено, предвидено е обраќање на министерката за култура Ирена Стефоска. мд/дма/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан