• петок, 05 декември 2025

Објавена нова фотографија на кралицата Елизабета и нејзините наследници

Објавена нова фотографија на кралицата Елизабета и нејзините наследници
Лондон, 4 јануари 2020 (МИА) - Бакингемската палата објави нова фотографија на кралицата Елизабета Втора со нејзиниот син принцот Чарлс, внукот принц Вилијам и правнукот принц Џорџ, со што кралското семејство го одбележува почетокот на новата деценија. Ова е вторпат да се објави фотографија на кралицата и тројцата идни монарси. Кралицата Елизабета Втора на фотографијата носи бел фустан и црна ташна. Принцот Чарлс и принцот Вилијам се во костуми, додека принцот Џорџ е во бела кошула и зелени карирани панталони. Фотографијата е направена од фотографот Раналд Мекешни во Бакингемската палата минатиот месец. Тој ја направи и претходната фотографија од четири генерации на кралското семејство, која беше објавена во април 2016 година за да го одбележи 90-тиот роденден на кралицата, а подоцна беше преработена во специјални меморијални поштенски марки. паг/

Остани поврзан