• петок, 05 декември 2025

Објавена новата книга на Зеќир Рамчиловиќ – „Домовница“

Објавена новата книга на Зеќир Рамчиловиќ – „Домовница“

Скопје, 12 ноември 2025 МИА) - Во издание на „Диван“ објавена е новата книга на проф. д-р Зеќир Рамчиловиќ со наслов „Домовница“, значајно научно дело кое носи сведоштва за историјата, демографијата и идентитетот на населението од Горен Бихор, Црна Гора. Книгата е уредена од авторот, а рецензенти се проф. д-р Лидија Ѓурковска, проф. д-р Драшко Дошљак и д-р Саит Шаботиќ. Изданието е отпечатено во „Аурора“, Скопје, во тираж од 300 примероци.

Истражувањето започнало во 2015 година, кога авторот во Петњичката џамија ги проучил матичните книги од периодот на Кралството СХС/Југославија. „Секој лист, секое напишано слово е дел од нашето наследство, затоа направив анализа на овие податоци“, наведува Рамчиловиќ, нагласувајќи го значењето на нивната дигитализација и заштита.

Проектот е кофинансиран од Министерството за дијаспора на Црна Гора, кое го препозна значењето на зачувувањето на културниот и националниот идентитет на населението со потекло од Бихор. Во Северна Македонија живеат многу лица со корени од овој регион, па издавањето на „Домовница“ во Скопје претставува симбол на зајакнување на културните врски меѓу двете држави.

Според рецензијата на проф. д-р Драшко Дошљак, книгата чува драгоцени сведоштва за идентитетот на поединецот, семејствата и народот и претставува важен извор за идни историски и демографски истражувања.

Зеќир Рамчиловиќ е научен советник во Институтот за национална историја при УКИМ, автор на повеќе од педесет научни трудови и девет книги, поранешен пратеник и амбасадор на Северна Македонија во Црна Гора. бк/

фото: Здружение Диван

Остани поврзан