• недела, 22 декември 2024

ОБСЕ: Руската анексија води кон ескалација на конфликтот и доведува во опасност милиони луѓе

ОБСЕ: Руската анексија води кон ескалација на конфликтот и доведува во опасност милиони луѓе
Виена, 30 септември 2022 (МИА) - Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) денеска ја осуди илегалната анексија на Украина од страна на Русија, јавува Анадолија. Наведувајќи дека одлуката на рускиот претседател Владимир Путин е неприфатлива, ОБСЕ соопшти дека „оваа акција на Руската Федерација, која вклучува воена мобилизација и неодговорни нуклеарни закани, води само кон поголема ескалација на конфликтот, ставајќи во опасност милиони животи и предизвикувајќи дополнително непотребно човечко страдање“. „Чекорот објавен денеска е јасно кршење на основните правила на меѓународното право, принципите на ОБСЕ и Повелбата на ОН“, се вели во соопштението. ОБСЕ ја повика Русија да ги повлече сите свои сили од Украина и воедно ја повтори својата поддршка за Украина и нејзиниот народ, како и посветеноста на независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на таа држава. Во соопштението се наведува дека претседавачот со ОБСЕ и полскиот министер за надворешни работи Збигњев Рау, претседателката на Парламентарното собрание на ОБСЕ Маргарет Седерфелт, генералната секретарка на ОБСЕ Хелга Марија Шмид и генералниот секретар на Парламентарното собрание на ОБСЕ Роберто Монтела категорично ја осудуваат нелегалната анексија на руската Федерација над украинските територии Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсонската област, како и продолжување на окупацијата на Крим. ссм/

Остани поврзан