• понеделник, 23 декември 2024

Обраќање на кандидатот за градоначалник на СДСМ на Општина Карбинци

Обраќање на кандидатот за градоначалник на СДСМ на Општина Карбинци
Штип, 28 септември 2021 (МИА) - Кандидатот за градоначалник на СДСМ и коалиционите партнери за Општина Карбинци, Јордан Насев во своето обраќање истакна дека помеѓу градоначалникот и граѓаните не треба да има посредници или бариери. Според него само директната, редовна и двострана комуникација може да создаде систем за брза реакција на проблемите во општината, за правилно долгорочно планирање и општина да се развива во правец кои вие жителите го бирате на овие избори. - Ќе воведеме дигитален онлајн систем за директен контакт на градоначалникот и советниците со жителите и постојана, брза, ефикасна размена на информации за услуги од надлежност на локалната самоуправа. Иницијативите од жителите ќе бидат прифатени и процесирани во јасен систем, при што општините ќе се обврзат да одговорат на иницијативи во рок до десет дена, вели Насев. Посочи дека учеството на населението во управувањето со општината нема да се сведе само на гласање еднаш на четири години, туку преку комуникацијата со градоначалникот и пријава на иницијативи ќе се изгради вистински партнерски однос. - Затоа давам збор дека сум и ќе бидам: човек од доверба, чесен, искрен, домаќин. Близок до секој од вас (постојано на терен, лесно достапен, приземјен, комуникативен, ќе слушам и ќе постапувам, ќе служам).Човек од акција, работлив, вреден. Подготвен, запознаен со проблемите, со конкретен план со решенија.Еднакво близок со сите, нема делење на луѓето по ниту еден основ, вели Насев во своето обраќање до граѓаните. Тој ги повика своите сограѓани да направат споредба и разлика. вдј/мс/

Остани поврзан