• недела, 22 декември 2024

Обраќање на австрискиот амбасадор Мартин Памер, по повод поставувањето на првото „Enzi“ во Скопје

Обраќање на австрискиот амбасадор Мартин Памер, по повод поставувањето на првото „Enzi“ во Скопје

Скопје, 1 декември 2023 (МИА) - Амбасадорот на Австрија Мартин Памер, заедно со директорот на Културно информативниот центар (КИЦ) Антонио Димитров и претставник на Град Скопје, денеска напладне пред КИЦ ќе имаат кусо обраќање по повод поставувањето на првото „Enzi“ во Скопје.

Од Австриската амбасада велат настанот е дел од 30-годишнината од Виенската светска конференција за човекови права (Виена+30), во чии рамки беа поставени 20 брендирани парчиња од мебелот за седење „Enzi“ за јавни површини на отворено низ цела Виена.

Мебелот „Enzi“ е дел од мебелот во дворот во Музејот Квартиер (MuseumsQuartier) во Виена од 2002 година, таканаречен дворски мебел. Дизајниран е од архитектите Ана Попелка и Георг Подушка. Името се однесува на Даниела Ензи (Daniela Enzi), која беше прокурист на Музејот Квартиер до 2012 година. Парчињата на „Enzi“ се сметаат за култни предмети во Музејот Квартиер.

Заради тоа Амбасадата и оваа година се приклучува на светската иницијатива против родово базирано насилство, која оваа година се одбележува под слоганот „UNITE! Invest to Prevent Violence Against Women & Girls“, при што фокусот е ставен на мерките за превенција од насилство.

По повод оваа иницијатива, Амбасадата вечерва организира и концерт со Јелена Попржан квартетот од Австрија во Културно информативниот центар, Салон 19,19. ра/вј/

Фото: Австриска Амбасада Скопје

Остани поврзан