• петок, 04 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Обилни дождови во Иран предизвикаа поплави во кои загинаа најмалку две лица

Обилни дождови во Иран предизвикаа поплави во кои загинаа најмалку две лица

Техеран, 13 април 2023 (МИА) - Најмалку две лица загинаа во поплави во северниот и западниот на Иран предизвикани од обилни дождови, јавија денеска државните медиуми.

Државната служба за итни случаи соопшти дека во последните 24 часа едно лице починало во провинцијата Казвин, а друго во Илам.

Едно лице загина од гром во провинцијата Западен Азербејџан.

Метеоролошкиот оддел на Иран предупреди за сезонски дождови во многу области низ земјата и во главниот град Техеран.

Обилните врнежи, кои следеа по повеќедецениската суша, беа предизвикани од климатските промени.

Водата што се излеа по дождовите ги загрози зградите и патиштата кои беа изградени во близина на речните корита без безбедносни мерки.

Во јули 2022 година, најмалку 61 лице загина во лизгање на земјиште и во поплави низ целата земја. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан