• недела, 22 декември 2024

Обвинителството бара притвор за лицето кое се сомничи дека извршило обљуба врз малолетничка

Обвинителството бара притвор за лицето кое се сомничи дека извршило обљуба врз малолетничка

Скопје, 31 март 2024 (МИА) - Основното јавно обвинителство Струмица бара притвор за 49-годишниот жител од општина Конче кој се сомничи дека во повеќе наврати извршил полови дејствија врз малолетничка. Притворот се бара поради опасност од бегство и можност да го повтори делото.

- Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице на возраст од 49 години за кое постои основано сомнение дека извршило други полови дејствија врз малолетно девојче кое не наполнило 15 години. Осомничениот жител на село во општина Конче во повеќе наврати ја допирал малолетничката, сторувајќи продолжено кривично дело согласно член 188 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик, се вели во информацијата од Јавното обвинителство.

Претходно, Министерството за внатрешни работи информираше дека е приведен 49-годишниот Ј.К. од село во општина Конче кој се сомничи дека во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од почетокот на 2022 година до ноември 2023 година. бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан