• недела, 22 декември 2024

Обама го намали бројот на гости за роденденската забава

Обама го намали бројот на гости за роденденската забава
Вашингтон, 5 август 2021 (МИА) - Поранешниот американски претседател Барак Обама ги измени плановите за голема роденденска забава, поради порастот на луѓе заразени со корнавирус во земјата, објави Би-би-си. Барак Обама вчера наполни 60 години и по тој повод, викендов планира голема прослава на островот Мартас Вајнјард во Масачусетс (САД). Сепак, многуте заразени со делта-сојот го натераа Обама да го намали бројот на гости. Така, според наводите, само блиските пријатели и семејството ќе дојдат на прославата. Неговиот портпарол рече дека настанот на отворено в сабота бил планиран неколку месеци порано, според упатствата од службите за јавно здравје. Но, кога бројот заразени почна да расте, почнаа да се појавуваат и критики за плановите на Обама, па тој и неговата сопруга Мишел Обама сега одлучија да го намалат обемот на самиот настан. Медиумите известуваат дека стотици луѓе биле поканети, меѓу кои и глумецот Џорџ Клуни, режисерот Стивен Спилберг и водителката Опра Винфри. Американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) објави дека маските во затворени простории повторно треба да ги носат и вакцинираните и невакцинираните луѓе. Според наводите, претседателот Џо Бајден, кој беше потпретседател за време на мандатот на Обама, одлучил да не дојде на забавата.  си/сд/

Остани поврзан