• четврток, 14 ноември 2024

Нухиу: Ќе има само промена на конкретните модули во концепцијата за основно образование, никој нема да остане без работа

Нухиу: Ќе има само промена на конкретните модули во концепцијата за основно образование, никој нема да остане без работа

Скопје, 27 јули 2023 (МИА) - Новата концепција за основно образование е направена во 2021 година како резултат на јавна, транспарентна и сеопфатна дебата кога беа дадени сите препораки надвор од секоја предрасуда. Овој Кабинет на МОН ќе ја спроведува оваа концепција до последната буква, истакна заменик министерот за образование и наука Агим Нухиу.

- Содржината на предметите што ги спомнувате – историја, физика, хемија, биологија, нема да се повлече. Содржината ќе биде како што била досега, но ќе има соодветни модули кои ќе бидат презентирани од професорите за соодветните предмети со цел учениците да можат работите што се однесуваат за светот да ги видат од неколку аспекти. Тоа што се злоупотребува во јавноста дека наставниците и професорите на овие предмети ќе останат без работа, во името на Министерството за образование и наука ви ветувам дека ниту еден нема да биде тргнат од работа. Ќе има само промена во конкретните модули, рече Нухиу. фф/бак/

Фото: Принтскрин од видео

Остани поврзан