• четврток, 18 јули 2024

Нуркиќ: На репрезентацијата на Босна и Херцеговина не ѝ беше дозволено да се подготви соодветно за Евробаскетот

Нуркиќ: На репрезентацијата на Босна и Херцеговина не ѝ беше дозволено да се подготви соодветно за Евробаскетот
Келн, 1 септември 2022 (МИА) - Центарот на Портланд и репрезентацијата на Босна и Херцеговина, Јусуф Нуркиќ, ја критикуваше кошаркарската федерација на земјата, која не успеа да организира целосно подготовки за Евробаскет 2022 година. Босанците имаа предвидени само два пријателски натпревари пред квалификациите за СП и Евробаскетот. Воедно, два дена пред патувањето на пријателскиот турнир во Тарту, екипата немаше билети за Естонија, тимот мислеше дека ќе остане без тренинг. - Претпоставувам, речиси сум сигурен во ова, дека естонската кошаркарска федерација ни плати, обезбеди билети и некако успеа да не испрати на нивниот турнир“, рече Нуркиќ. Репрезентативците на БиХ до последните денови пред патувањето не беа сигурни дали ќе можат да одат на Евробаскет поради финансиски проблеми. Во еден момент од подготовките за ЕП, четворица Босанци мораа да живеат во иста хотелска соба. - За да разберете што се случува, треба да ја разберете нашата политичка и владина структура. Имаме три нивоа на власт. Сите тројца мора да се договорат за нешто да функционира. А ако овие тројца не учествуваат во дискусијата, тогаш е навистина многу тешко. Немавме соодветни подготовки. Срамота, затоа што нашата земја има пари. За ова нема сомнеж. Воопшто не работат таму. Целосен хаос. Но, не можете да го промените целиот свет, вие сте одговорни само за себе. Тешко е за спортистите да се фокусираат на нешто кога не знаете што ќе се случи со вашиот тим утре. Се разбира, се трудиме да не навлегуваме многу длабоко во тоа. Треба да ни помогнат, да не размислуваме како да стигнеме некаде, да плаќаме хотел, да го правиме тоа сами. Сето ова е срамно, но во моментов треба да се справиме со тоа, изјави Нуркиќ. На Евробаскет 2022 БиХ се наоѓа во Б-групата заедно со Франција, Германија, Унгарија, Литванија и Словенија. зс/

Остани поврзан