• петок, 22 ноември 2024

Нуредини: Идентификуваме нови НАТУРА 2000 подрачја и спречуваме трговија со загрозени видови на флора и фауна

Нуредини: Идентификуваме нови НАТУРА 2000 подрачја и спречуваме трговија со загрозени видови на флора и фауна
Тетово, 21 септември 2022 (МИА) – Претставници на повеќе министерства, јавни претпријатија за шуми, за пасишта, национални паркови, државни инспекторати, сектори за туризам, лов, риболов и слични засегнати страни денеска во Тетово со учество на конференција започнаа проект со цел идентификација на нови зони кои ќе станат дел еколошката мрежа на Европската Унија наречена Натура 2000. Проектот е наречен „Подобрување на капацитетите за Натура 2000 и CITES“ или две главни компоненти со кои ќе се определат подрачјата и ќе се изготви соодветно законодавство. Досега се евидентирани 12 подрачја. -Денеска сме тука да промовираме проект заедно со Европската делегација зајакнување на имплементација на Натура 2000. Ова е проект каде ние ќе ги идентификуваме тие зони во нашата држава за Натура 2000 и да ги заштитиме тие зони со европските директиви, што е потребно ние ќе го направиме тоа. Уште еднаш благодарам за финансиската и друг вид поддршката од ЕУ, изјави министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини. Шефот на делегацијата на ЕУ во Северна Македонија, Дејвид Гир присуствуваше на настанот и рече дека поддршката е уште еден пример на заложбите на ЕУ за заштита на животната средина и на самата природа. -Поддршката којашто ЕУ ја дава конкретно во овој случај ќе помогне во идентификување и на други локации во иднина коишто ќе бидат дел од мрежата Натура 2000. Тоа е всушност е најголемата светска мрежа каде што дел се исто така и земји членки на ЕУ. Причината поради која денеска сме тука на Шар Планина е затоа што гледаме потенцијал за зачувување на природата за да биде дел од мрежата на Натура 2000. Исто така оваа денешна поддршка не се работи само за потенцијал за заштита на природа, меѓутоа исто така и подготвување на самата земја за идното членство како земја членка на ЕУ, изјави амбасадорот Гир. На настанот зборуваше и директорот на националниот парк Шар Планина Ибрахим Дехари. -Новиот национален парк полека, но сигурно ги поставува темелите на успешно функционирање, а можноста да биде идентификуван како идно НАТУРА 2000 подрачје и воспоставување на правната регулатива за спречување на меѓународната трговија со загрозени диви видови на флора и фауна, во голема мера ќе го олеснат вградувањето на европските стандарди во развивањето на националниот парк, порача Дехари. Главниот дел во компонентата за Натура 2000 е работа на терен во целата држава за процена на повеќе од 20 потенцијални подрачја. Целта на компонентата за CITES е да се постигне целосна усогласеност на националното законодавство со Регулативата и конвенцијата CITES на ЕУ за меѓународна трговија со загрозени видови на дива фауна и флора.ас/ир

Остани поврзан