• петок, 22 ноември 2024

Нуредини: Активностите на Владата и МЖСПП за справување со климатските промени препознати од Директоратот за клима на ЕК

Нуредини: Активностите на Владата и МЖСПП за справување со климатските промени препознати од Директоратот за клима на ЕК
Скопје, 4 февруари 2021 (МИА) - Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини одржа виртуелен состанок со генералниот директор на Директоратот за клима на Европската Комисија Mауро Петричионе. На состанокот, како што соопшти ресорното министерство, се зборуваше за напредокот на државата во развивањето на климатските политики во правец на редуцирање на стакленичките гасови, потребната праведна транзиција кон чиста енергија и општо подобрување на животната средина, што на долг рок значи помалку целокупни трошоци и повеќе зелени работни места. Министерот Нуредини на состанокот информираше за чекорите кои МЖСПП ги презема во насока на усогласување на својата правна и стратешка рамка со таа на ЕУ, како и за статусот на имплементацијата на препораките од страна на ЕУ во областа клима. Генералниот директор Петричионе изрази подготвеност Директоратот за клима, во рамки на своите капацитети, да помогне во дообликувањето на конечното национално законско решение и страшката рамка за климатска акција. Нуредини, како што се наведува, сподели информации за напредокот на владината постапка за усвојување на Третиот двогодишен извештај за климатски промени и засилениот национален придонес кон Договорот од Париз, како два многу важни документа за поставување на патеките за декарбонизација на државата. -Препознавајќи ја активноста на Владата и МЖСПП во оваа област, генералниот директор Петричионе упати пофални зборови посочувајќи ја Република Северна Македонија како најпозитивен пример во регионот во креирање и имплементирање на политиките за зелен раст и развој, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање. мд/са/

Остани поврзан