• петок, 22 ноември 2024

НУК бара да се реши проблемот со неиздавање лиценци на друштвата кои ги менаџираат ноќните клубови

НУК бара да се реши проблемот со неиздавање лиценци на друштвата кои ги менаџираат ноќните клубови
Скопје, 22 јули 2022 (МИА) -Независна Угостителска Комора (НУК), денеска на прес - конференција упати барање до Владата, Министерството за економија и Министерството за внатрешни работи за решавање на моменталната ситуација со ненавременото издавање, односно неиздавање лиценци на друштвата кои ги менаџираат ноќните клубови, кабареа и летните дискотеки во Скопје. Според претседателот на НУК, Здравко Јосифовски и покрај сите уредно обезбедени документи и платени давачки согласно законската регулатива и согласно практиката во изминатите 30 години, оваа година ниту едно скопско друштво, односно ниту еден ноќен клуб нема добиено лиценца за работа, а ова лето сме сведоци дека познатите ноќни забави и ноќен живот не постојат. -Проблемот со кој што се соочуваат ноќните клубови е што во дополнителната документацијата им се бара имотен лист кој што е приложен од сите страни, но од некои оправдани или неоправдани причини МВР не сака да издаде согласност која што ја добивале порано друштвата за да може лиценцата да ја издаде Министерството за економија. Бараме Владата во координација со министерствата да организира заедничка средба со сите чинители и учесници во креирањето на судбината на ноќниот живот во Скопје со цел да се изнајде начин и можност веднаш да се најде решени за моменталната ситуација, односно како да им се овозможи на друштвата кои што ги исполнуваат во целост условите за работа и добивање лиценца, истите да им се издадат, рече Јосифовски на прес-конференцијата пред Министерството за економија. Од НУК воедно бараат од Министерствто за економија кое е надлежно и одговорно за давање лиценци, итно да формира работна група или тело со кое ќе се изработат заеднички предлози за нови законски прописи за регулација на работата на ноќните клубови и нивно усогласување со европската регулатива со цел да се одржи нивото на ноќен живот како што доликува на еден главен град и метропола. Измените на законот по кој што фукционира овој сектор последен пат се направени во 2016 година, постоела иницијатива за 2019 но не се спровелаи заради ковидот. -Се надевам дека во кратка постапка ќе ги направиме сите усогласувања се со цел угостителите да можат да работат согласно законската регулатива без пречки проблеми и притисоци и од државните институции и инспекции, додава Јосифовски.

На новинарско прашање Јосифовски појасни дека друштвата закупуваат деловен простор од градот Скопје, а градот има обврска да ги впише сите работи што ги издава. Друштвата, вели, не се сопственици на имотни листови бидејќи користат времени објекти од ограничен карактер за условите согласно договорите, што значи дека друштвата не може на ниту еден начин да располагаат со сопствени имотни листови за парцели кои ги користат, а се имот на државата или на Градот скопје, каде ја вршат дејноста на отворено.

Надлежно за издавање лиценци е Министерството за економија, но проблемот појаснува, не го лоцираат во ова Министерство, туку во МВР кое треба да даде согласност дека се обезбедени безбедносни услови за одвивање на сообраќајот што, вели, не е обврска на друштвата туку на градот. Друштвата имаат право да побараат лиценца и да ги обезбедат законските обврски кои се бараат од нив.

Летните дискотеки кои работат сезонски, неполни три месеци, вели тој, плаќаат цела година закуп за просторот, а цената на закуп се движи од 2.500 до 10 илјади евра кои се уплаќаат авансно. вг/ац/

Остани поврзан