• петок, 22 ноември 2024

Нотингем Форест поднесе жалба за одземените четири бода

Нотингем Форест поднесе жалба за одземените четири бода

Лондон, 26 март 2024 (МИА) - Нотингем Форест поднесе жалба на одлуката на Премиер лигата да му се одземат четири бода.

На 18 март клубот беше казнет поради прекршување на финансиските правила на лигата. 

Раководството на премиерлигашот од Нотингем се надева дека ќе ја докаже својата невиност и со тоа ќе биде поништена казната.

Пред да биде изречена казната, Нотингем Форест беше на 17-то место во поредокот на англискиот шампионат 2023/24 со 25 бода од 29 натпревари. По санкциите клубот падна на 18. место со 21 бод. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан