• петок, 05 декември 2025

Носкова избори финале во Пекинг

Носкова избори финале во Пекинг

 

Пекинг, 4 октомври 2025 (МИА) – Чешката тенисерка Линда Носкова се пласираше во финалето на турнирот во Пекинг, откако попладнево ја совлада во второто полуфинале седмата тенисерка во светот, Американката Џесика Пегула, со 6:3, 1:6, 7:6.

Полуфиналната пресметка траеше два часа и 29 минути.

Носкова, 27-та тенисерка во светот, во финалето за титулата во Пекинг ќе игра против Американката Аманда Анисимова.

Четвртата тенисерка во светот претходно денеска ја совлада својата сонародничка Коко Гоф. ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан