• сабота, 29 јуни 2024

Нормализиран сообраќајот на патот Кавадарци–Росоман

Нормализиран сообраќајот на патот Кавадарци–Росоман

Скопје, 28 февруари 2024 (МИА) - Нормализиран сообраќај на регионалниот пат Кавадарци –Росоман, кој од утрово, од 07:00 часот, беше во прекин поради тешка сообраќајка, информираат од АМСМ.

Територијалната противпожарна единица на Кавадарци, претходно извести дека три лица се повредени, од кои едно потешко, во сообраќајната несреќа која утрово се случи на патот Кавадарци-Росоман.

ТППЕ Кавадарци излезе на терен со осум пожарникари, две возила за техничка интервенција и едно амбулантно возило.

Според ТППЕ Кавадарци, двете повредени лица во сообраќајката се помлади, на околу 23 години, а едното повозрасно.

Сообраќајката се случила на излез од село Манастирец. ир/ев/

Фото: МИА архива и ТППЕ Кавадарци

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан