• сабота, 15 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Норис најбрз на квалификациите за Големата награда на Австралија

Норис најбрз на квалификациите за Големата награда на Австралија

Мелбурн, 15 март 2025 (МИА) - Возачот на Мекларен, Ландо Норис, победи во квалификациите на отворањето на сезоната во Формула 1 2025 година во Австралија. 

Британецот утрово на патеката „Алберт Парк“ во Мелбурн најбрзиот круг го помина со време 1 минута 15.096 секунди. 

За Норис ова е 10. пол-позиција во кариерата.

Тимскиот колега на Норис, Оскар Пјастри, се најде на второто место во квалификациите (+0,084 секунди). Третото место му припадна на четирикратниот светски шампион Макс Верстапен од Ред Бул (+0,385).

Во првите 6 се најдоа и Џорџ Расел (Мерцедес; +0,450), Јуки Цунода (РБ; +0,574) и Алекс Албон (Вилијамс; +0,641).

Главната трка ќе се вози утре со почеток во 5 часот по македонско време. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан