• недела, 22 декември 2024

Норвешка прогласи 15 вработени во Руската амбасада во Осло за „персона нон грата“

Норвешка прогласи 15 вработени во Руската амбасада во Осло за „персона нон грата“

Осло, 13 април 2023 (МИА) – Норвешкото Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека ќе протера 15 вработени во Руската амбасада, под сомнение дека не се дипломати туку разузнавачи.

Во соопштението на норвешкото Министерство за надворешни работи се посочува дека владината одлука за протерување на руските службеници е „одговор на променетата безбедносна ситуација во Европа, што доведе до зголемена разузнавачка закана од Русија“.

- Ова е важен чекор во спротивставувањето и намалувањето на нивото на активности на руската разузнавачка служба во Норвешка, како и во заштитата на нашите национални интереси, изјави шефицата на норвешката дипломатија Аникен Хуитфелд.

Амбасадата на Руската Федерација во Осло сè уште не го коментирала протерувањето.

Норвешка е членка на НАТО и граничи со Русија на Арктикот. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан