Нов урбан парк во Марино во општина Илинден
- Како што информира Општина Илинден, просторот е партерно уреден, поставено е улично осветлување, чешми, клупи, корпи за отпадоци, паркинг простор, пешачки патеки и пристапна сервисна улица.
Скопје, 26 септември 2025 (МИА) - Во населеното место Марино е изграден нов урбан парк со повеќе содржини и на површина од околу 6000 квадратни метри.
Како што информира Општина Илинден, просторот е партерно уреден, поставено е улично осветлување, чешми, клупи, корпи за отпадоци, паркинг простор, пешачки патеки и пристапна сервисна улица.
-Паркот е збогатен и со зелени површини, отворен плоштад наменет за јавни настани, централна фонтана, жардиниери со декоративни растенија, како и детско игралиште опремено со современи реквизити за најмладите, соопшти Општината.

Паркот го посетил градоначалникот на Илинден, Александар Георгиевски, кој при увидот истакнал дека „уредувањето на јавните простори е од суштинско значење за подобрување на условите за одмор и рекреација на граѓаните“.
-Општина Илинден и понатаму ќе продолжи со активности за унапредување на јавната инфраструктура и создавање урбано уредени простори во сите населени места низ општината, се наведува во соопштението. хс/вј/
Фото: Општина Илинден