• понеделник, 23 декември 2024

Нов парк во Општина Бутел, најави Костовски

Нов парк во Општина Бутел, најави Костовски
Скопје, 14 февруари 2022 (МИА) - Градоначалникот на Општина Бутел Дарко Костовски информира дека денеска заедно со Град Скопје започнуваат со изградба на нов парк, што ќе се протега на 3.000 квадратни метри во населеното место Расадник.

-Она што до пред некое време беше депонија наскоро го претвараме во модерен урбан парк и ново прекрасно катче за граѓаните на Општина Бутел. Паркот ќе содржи нови патеки за пешачење, посебен систем за наводнување, зимзелени и листопадни дрвца, нови летниковци како и содржини за најмладите, објави Костовски на својот Фејсбук профил.

Градоначалникот Костовски најави дема наскоро и фудбалското игралиште што се наоѓа на овој потег ќе биде комплетно реконструирано. мд/дма/

Остани поврзан