Нов обид за оживување на кариерата: Бенџамин Менди потпиша за Цирих
- Контроверзниот фудбалер Бенџамин Менди потпиша за Цирих каде уште еднаш ќе се обиде да ја оживее својата некогаш успешна кариера.

Цирих, 12 февруари 2025 (МИА) - Контроверзниот фудбалер Бенџамин Менди потпиша за Цирих каде уште еднаш ќе се обиде да ја оживее својата некогаш успешна кариера.
Французинот потпиша договор со швајцарскиот клуб до крајот на годината, а на грб ќе го носи бројот три. Менди доаѓа од Лориен, каде остана сезона и половина, а најдобрите денови ги имаше во Манчестер Сити, каде како стартен лев бек освои неколку трофеи. Сепак, неговата кариера го допре дното кога беше обвинет за неколку случаи на силување и злоставување, за што помина одредено време во затвор.
За тоа време „граѓаните“ не му плаќаа, а откако беше ослободен од сите обвиненија, реши да го тужи својот поранешен клуб. И двата случаи беа во негова корист.
Цирих моментално е осми во поредокот на швајцарскиот шампионат, со осум бода помалку од Базел, актуелниот лидер во првенството. дс
Фото: Х/ФК Цирих