• сабота, 21 декември 2024

Истражување на Светскиот економски форум: Мнозинство од испитаниците предвидуваат одредена нестабилност и умерен ризик од глобални катастрофи

Истражување на Светскиот економски форум: Мнозинство од испитаниците предвидуваат одредена нестабилност и умерен ризик од глобални катастрофи

Женева, 10 јануари 2024 (МИА) - Резултатите од новото истражување на Светскиот економски форум укажуваат на главно негативни изгледи за светот на краток рок и очекување за влошување на долг рок.

Мнозинството од испитаниците (54 отсто) предвидуваат одредена нестабилност и умерен ризик од глобални катастрофи, 27 отсто сметаат на поголеми турбуленции, додека три отсто очекуваат глобалните ризици од катастрофи да се материјализираат на краток рок, се наведува во извештајот за глобални ризици за 2024 година што денеска го објави Светскиот економски форум.

Извештајот е објавен пред годишниот самит на Светскиот економски форум во швајцарскиот зимски центар Давос од 15 до 19 јануари. На форумот ќе учествуваат повеќе од 2.800 лидери од 120 земји, меѓу кои и 60 шефови на држави или влади.

Извештајот за глобалните ризици ги претставува наодите од Глобалното истражување за перцепција на глобалниот ризик 2023-2024 година, која беше спроведена во септември и опфати 11.000 испитаници.

Само 16 отсто од испитаниците ширум светот очекуваат стабилна или мирна ситуација во следните две години. Во исто време, за период од десет години, 63 отсто очекуваат турбулентно време, а помалку од десет отсто очекуваат мирна или стабилна ситуација. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан