• вторник, 30 април 2024

Нов земјотрес со јачина од 6,3 степени го погоди Тајван, нема информации за штети

Нов земјотрес со јачина од 6,3 степени го погоди Тајван, нема информации за штети

Тајпеј, 22 април 2024 (МИА) - Земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди округот Хуалиен во источниот дел на Тајван, соопшти метеоролошката управа на островот. Засега нема информации за материјална штета.

Земјотресот, а длабочина од 5,5 километри, ги зафати зградите во главниот град Тајпеј.

Претходно денеска, округот Хуалиен беше погоден од друг земјотрес со јачина од 5,5, но нема извештаи за жртви или материјална штета.

Тајван беше погоден од стотици последователни потреси по големиот земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала што го потресе Хуалиен претходно овој месец. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан