• недела, 22 декември 2024

Нов земјотрес во Хрватска со јачина од 4,1 степени

Нов земјотрес во Хрватска со јачина од 4,1 степени
Загреб, 24 февруари 2021 (МИА) - Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала ја погоди денеска централна Хрватска две минути пред 11 часот. Хрватската сеизмолошка служба соопшти дека земјотресот бил доста силен со епицентар недалеку од Петриња, кај Глинска Полјана. Интензитетот на земјотресот во епицентарот е од 5-ти степен на скалата ЕМС. „Ова е серија последователни земјотреси, кои се намалија малку, но сè уште траат“, изјави сеизмологот Томислав Кук за хрватски Медиа Сервис. паг/  

Остани поврзан