Нов Зеланд обезбеди пласман на СП2026
- Фудбалерите на Нов Зеланд се пласираа на следното Светско првенство, откако денеска во Оукленд ја совладаа Нова Каледонија со 3-0 во финалето на квалификацискиот турнир во Зоната Океанија.

Оукленд, 24 март 2025 (МИА) – Фудбалерите на Нов Зеланд се пласираа на следното Светско првенство, откако денеска во Оукленд ја совладаа Нова Каледонија со 3-0 во финалето на квалификацискиот турнир во Зоната Океанија.
Нов Зеланд поведе со голот на Мајкл Боксал во 61. минута, а Коста Барбарусес го зголеми водството со гол пет минути подоцна. Конечниот резултат го постави Илијџа Хенри Џаст во 80. минута.
Нов Зеланд е втората репрезентација, по Јапонија, која обезбеди пласман преку квалификациите на Мундијалот што идната година заедно ќе го организираат Канада, Мексико и САД.
Ова ќе биде трет пат репрезентацијата на Нов Зеланд да учествува на Светско првенство, по 1982 и 2010 година.
Светското првенство ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули 2026 година. ег
ФОТО: Фејсбук