• понеделник, 23 декември 2024

Нов бран на коронавирус во Европа, новите соеви ја избегнуваат имунолошката заштита

Нов бран на коронавирус во Европа, новите соеви ја избегнуваат имунолошката заштита

Париз, 28 јуни 2022 (МИА) - Европа минува низ седмиот бран на Ковид-19, во голема мера објаснет со новите соеви на вируси кои имаат силен капацитет да ја избегнат заштитата создадена од вакцинацијата и претходните инфекции.

Новиот скок на заразените може да се објасни со олабавувањето на мерките за заштита, но и со падот на имунитетот на луѓето. Сега е познато дека заштитата што ја обезбедуваат вакцините и претходните инфекции слабее по неколку месеци.

„Луѓето инфицирани со омикрон сојот во декември се помалку заштитени од заразените на почетокот на годината. Истото важи и за имунитетот што го постигнуваат вакцините, иако тој останува многу силен против тешките форми на болеста, малку е послаб за помалку тешки форми“, рече директорот на францускиот истражувачки центар ЦНРС, Семјуел Алисон.

Научниците исто така велат дека новиот бран се објаснува и со развојот на новите омикронски подваријанти, BA.4 и BA.5.

Во Франција, според последниот извештај на Службата за јавно здравје, постепена замена на сојот BA.2 е забележана веќе неколку недели, со појава на сој BA.5 во 41 отсто од случаите и BA.4 во шест отсто од случаите во неделата од 13. до 19 јуни.

Новите потсоеви побрзо се шират поради двојните карактеристики што ги имаат, нивната поголема заразност и поради слабеењето на имунитетот, односно можноста за избегнување на имунолошкиот одговор.

Ова веќе беше случај со субкултурата омикрон BA.1, која може многу побрзо да зарази веќе вакцинирани лица или лица кои биле инфицирани со делта сојот.

Долго време се веруваше дека инфекцијата обезбедува заштита, барем за некое време. Сепак, се чини дека тоа не е случај со семејството омикрон, според студијата на Империјал колеџот објавена во средината на јуни во списанието „Сајанс“.

Утврдено е дека оние кои биле подложени на омикрон имаат заштита од почетниот вид на коронавирус и неговите први видови, но слаба заштита од самиот омикрон.

„Она што го откривме е дека слабо го стимулира имунитетот против себе, дури и во некои случаи. Ова, заедно со падот на имунитетот по вакцинацијата, може да го објасни масовното зголемување на новозаразените луѓе и големиот број повторни инфекции во кратки интервали“, рече Розмари Бојтон, која е коавтор на студијата.

Францускиот научник рече дека се соочуваме со многу заразни соеви кои некако минуваат под радарот за имунолошка одбрана. Тој додаде дека поради овие многу заразни варијанти, неопходно е да се подигне нивото на заштита на најчувствителните луѓе.

„За повеќето европски земји, апсолутен приоритет е постарите лица и лицата со имунолошки потешкотии да добијат втора засилена доза од вакцината“, рече тој.

Претседателот на Францускиот совет за стратегија за вакцини, Ален Фишер, рече дека сегашното ниво на имунитет на населението е добро, но не и совршено. Затоа рече дека треба да им се препорача уште една бустер доза на постари од 60 години и чувствителни лица. паг/

Остани поврзан