• четврток, 26 март 2026

Ново рочиште за „Титаник“

Ново рочиште за „Титаник“
Скопје, 7 декември 2020 (МИА) - Ново рочиште за случајот „Титаник“ е предвидено да се одржи денеска во Основниот кривичен суд Скопје. Овој судски предмет иако е едно од првите обвиненија поднесени од поранешното СЈО, тој се уште е во фаза на доказна постапка.
Судењето во овој случај го води судијата Осман Шабани, а обвинението е застапено од обвинителката Лиле Стефанова.
Меѓу обвинетите за незаконско финасирање на ВМРО-ДПМНЕ, повреда на избирачкото право и други кривични дела се и поранешните министри Гордана Јанкуловска и Миле Јанакиевски. оџ/аа/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан