• петок, 22 ноември 2024

Ново противпожарно возило за струшката Пожарна

Ново противпожарно возило за струшката Пожарна
Струга, 11 февруари 2021 (МИА) – Територијалната противпожарна единица во Струга доби теренско возило, донација од струшки бизнисмен, кој сака да остане анонимен за јавноста. На промоцијата присуствуваа градоначалникот на Општина Струга Рамиз Мерко и претставници на противпожарната единица, кои изразија благодарност за донацијата. - Општествената одговорност е главен двигател во општеството. Важна е за развивање на градот и туризмот, а безбедноста на граѓаните на Струга е секогаш приоритет, истакна Мерко. Возилото, кое располага со резервоар од околу шест тона, додаде, ќе го подобри возниот парк и ќе ја зголеми ефикасноста на ТППЕ Струга. - Со новото возило ќе се зголеми безбедноста и заштитата при пожари, а со тоа ќе се зголеми и ефикасноста на струшките пожарниари, рече градоначалникот Мерко. Возниот парк на струшката пожарна располага со четири противпожарни возила и еден теренски џип.сс/мд/

Остани поврзан