• понеделник, 23 декември 2024

Ново осветлување на патот од село Марена кон село Сопот 

Ново осветлување на патот од село Марена кон село Сопот 

Кавадарци, 7 декември 2024 (МИА) - Ново осветлување е поставено на патот од село Марена кон село Сопот, информираа попладнево од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. 

- Во рамките на проектот ,,Реконструкција и доградба на постоечката надземна мрежа за улично осветлување’’, одделението за улично осветлување при Општина Кавадарци постави ново улично осветлување. Осветлување на улицата „Гоце Делчев’’ во село Марена, од спој со улица ,,Маршал Тито" до мост на река Луда Мара (пат кон село Сопот). Поставени се 23 лед светилки на 21 столб со висина од пет метри  (19 столбови, светилки 20W ) и осум метри (2 столбови, светилки 60W). Ова е втор дел од осветлување на село Марена и е дел од тендерот од 65 милиони денари, соопштија од кабинетот на Јанчев. 

Оттаму нагласија дека локалната самоуправа континуирано и рамномерно вложува во сите урбани и рурални средини во кавадаречка општина. свд/дма/


Фото : Фејсбук на градоначалникот Митко Јанчев 

Остани поврзан