• понеделник, 23 декември 2024

Ново издание од програмата „Совршениот уметник“ од 21 до 25 април во Мала станица

Ново издание од програмата „Совршениот уметник“ од 21 до 25 април во Мала станица

Скопје, 20 април 2023 (МИА) - Почнува новото издание на дискурзивно – едукативната програма за млади уметници насловена „Совршениот уметник“. Во рамки на оваа програма, која ќе трае од 21 до 25 април во објектот Мала станица, учество ќе земат повеќе млади уметници а туторијали ќе имаат културните работници Ивана Васева, Оливер Мусовиќ, Верица Ковачевска, Виолета Качакова, Филип Јовановски и Амра Исмани.

Програмата се одржува во рамки на одбележувањето на 20-годишнината од формирањето на наградата „Денес“ за млад/а визуелен/на уметник/чка и 75-годишнината од формирањето на Националната галерија на Северна Македонија, како и за објавувањето на повикот за наградата „Денес“ која од оваа година ќе се случува на годишно ниво.

Повикот за доделувањето на престижната „Денес XVII“ е објавен од денеска до 31 мај, на линкот

Дискурзивно - едукативната програма „Совршениот уметник“ е практичен и теориски курс наменет првенствено за млади уметници, кој е организиран од кураторката Ивана Васева од здружението Факултет за работи што не се учат – ФРУ во рамки на наградата „Денес“ за млад/а визуелен/на уметник/чка. Идејата на оваа програма е да го прошири опсегот на интересите на уметниците, да создаде простор за критичка анализа и преиспитување на уметничката продукција во рамките на севкупниот општествен и политички контекст, како и да понуди практични алатки за негување на нивната уметничка практика. Н

Програмата „Совршениот уметник“ вклучува голем број локални, регионални и меѓународни гости, таа првенствено се фокусира на млади уметници, но може да се приклучат и сите заинтересирани. Учеството во програмата е бесплатно. Дискурзивно - едукативната програма СОВРШЕНИОТ УМЕТНИК за прв пат се одржа во 2017 година и е организирана во рамките на наградата „Денес“ за млади визуелни уметници до 35 години.

Наградата „Денес“ е награда за млад/а визуелен/на уметник/чка до 35 години во Северна Македонија и е основана во 2002 година, а за прв пат доделена во 2003 година. Таа е дел од меѓународната мрежа Награди за млади визуелни уметници во Централна и Југоисточна Европа и се доделуваше како двомесечен престој во Њујорк, а од 2023 година вклучува нејзино годишно одржување и други новини и резиденции, покрај резиденцијата во Њујорк.

„Совршениот уметник“ и наградата „Денес“ се во организација на здружението „Факултет за работи што не се учат – ФРУ“ а се поддржани од Trust for Mutual Understanding од Њујорк.бт/сп/

Остани поврзан