Ново зголемување од 7,5 проценти на платите во образованието, најави Мицкоски
- Вработените во образованието ќе добијат покачување на платите за речиси 7,5 проценти, најави премиерот Христијан Мицкоски. Со ова, како што рече, од формирањето на оваа Влада досега платите во образованието се зголемени за 20-ина проценти.
Скопје, 1 април 2026 (МИА) - Вработените во образованието ќе добијат покачување на платите за речиси 7,5 проценти - најави премиерот Христијан Мицкоски. Со ова, како што рече, од формирањето на оваа Влада досега платите во образованието се зголемени за 20-ина проценти.
- Од денеска ќе имаме зголемување на платите во образованието, што е дел од оној колективен договор што го имаме за нови 7,5 проценти. Тоа значи дека од формирањето на оваа Влада, од ноември 2024 година до денеска, или за една и пол година, зголемени се платите на вработените во образованието - изјави Мицкоски во одговор на новинарско прашање по пуштањето во употреба на културниот дом во Гази Баба. сст/са/
Фото МИА архива