• петок, 05 декември 2025

Ново детско игралиште и реконструиран плоштад во Бутел

Ново детско игралиште и реконструиран плоштад во Бутел

Скопје, 20 ноември 2025 (МИА) - Изградено е ново детско игралиште на површина од 400 квадратни метри во спортско-рекреативниот центар „Македонија“. Покрај тоа, се реконструираше и малиот плоштад. Поставена е нова урбана опрема, нова ограда и ново осветлување, информираат попладнево од Општина Бутел.

- Запуштеното место со руинирани игралишта денес претставува модерен спортско-рекреативен центар на површина од 6.000 квадратни метри. Исто така, во населеното место Радишани е изградено ново корито на река Серава, пешачка патека, фудбалско игралиште со висококвалитетна вештачка трева, баскет - игралиште со специјална подлога, детско игралиште со мека подлога, фитнес - зона, нов парк и се обезбедени дополнителни паркинг - места. Општина Бутел се менува. Општина Бутел вложува во понатамошен развој на спортот, обезбедувајќи здрава иднина на новите генерации, потенцираат од локалната самоуправа.

Оттаму нагласуваат дека локалната самоуправа инвестира и создава можности за редовно практикување на спорт на сите граѓани. бд/дма/

Фото: Општина Бутел

Остани поврзан