• петок, 06 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Ново детско игралиште во Илинден

Ново детско игралиште во Илинден

Скопје, 24 април 2025 (МИА) - Општина Илинден пушти во употреба детско игралиште во населеното место Илинден, близу новото подрачно основно училиште. Детското игралиште е поставено на изградена бетонска плоча, врз која се поставени гумени плочки. 

-Во рамки на детското игралиште има реквизити: комбинирана лизгалка, двојна лулашка, единечна клацкалка и други разни детски фигури. Игралиштето е оградено со ограда во вид на моливи. Исто така, поставени се и павер елементи и осветлување, како и клупи и корпи за отпадоци, соопшти Општина Илинден.

Увид на детското игралиште изврши градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски, кој истакна дека игралиштето е од особена важност за релаксација и рекреација на најмалите жители.

Според најавите од Општината,  во наредниот период ќе бидат изградени нови и реконструирани постојните игралишта и во останатите населени места.вј/цр

Фото: Општина Илинден

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан